Дома Топ вести Барса има уште еден ден, спрема последна понуда за Кутињо и има „план Б“

Барса има уште еден ден, спрема последна понуда за Кутињо и има „план Б“

Трансфер периодот ширум Европа и официјално е завршен, но некои клубови во Шпанија ќе добијат рок уште еден ден да пријавуваат нови играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат шпанските медиуми, сагата за трансферот на Филипе Кутињо во Барселона сеуште не е готова, бидејќу Каталонците имаат време до денес на полноќ.

Синоќа Кутињо постигна гол за Бразил и се расплака, со што покажа дека е тажен поради целата ситуација, а Барса денес спрема нова, последна понуда со која ќе се обиде да го убеди Ливерпул.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Каталонците ќе направат се да донесат уште едно засилување на „Камп Ноу“ во текот на денешниот ден. Доколку не успеат да го доведат Кутињо ќе се обидат со Ди Марија, иако ПСЖ јасно стави до знаење дека нема да го пушти Аргентинецот.

Како последна опција Каталонците го чуваат Ријад Марез кој наводно е во Барселона и чека расплет на целата ситуација.

„Сапуницата“ во Барселона продолжува, а нас ни останува да видиме каква ќе биде завршницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…