Уште во август Барселона се договори со Палмеирас за трансфер на дефанзивецот Јери Мина, ни никој не знае кога точно тој ќе пристигне на „Камп Ноу“.
Првично медиумите говореа дека Мина ќе и се приклучи на Барселона во јуни 2018 година, но се појавија и информации дека трансферот може да се комплетира во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако навистина го сакаат не треба да се сомневаат во тоа. Доколку пак немаат потреба од него, тогаш ОК, нема проблем. Има и други клубови кои го сакаат. Цела година и половина ги чекаме додека тие размислуваат. Нека се решат веќе еднаш, ако не сакаат Мина ќе премине во друг клуб“, изјави агентот на дефанзивецот.
23-годишниот Колумбиец важи за еден од најталентираните дефанзивци во Јужна Америка.
#FCB Ultimátum de Yerry Mina al Barça https://t.co/XFzZB8tmZk pic.twitter.com/Hc8HGcgBP4
— Diario SPORT (@sport) October 24, 2017