Шпанските медиуми пренесуваат дека повторно има недоразбирања на релација Меси – Барселона, а причината се трасферите.
Имено, „Дон Балон“ пренесува дека има несогласување околу тоа кого Барселона треба да донесе како засилување за средниот ред.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси има желба на „Камп Ноу“ да го види неговиот сонародник Хавиер Пасторе, кој во јануари најверојатно ќе го напушти ПСЖ. Од друга страна пак раководството е насочено кон трансферот на Кутињо од Ливерпул.
Барса уште еднаш ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го донесе Бразилецот, а доколку не успее нема да ангажира никого на таа позиција до следното лето.
Токму тука е недоразбирањето, бидејќи Меси сака да го види Пасторе во Барселона уште оваа зима.