Осман Дембеле ова лето може да ја напушти Барселона поради клаузулата во договорот, пренесува „Мундо Депортиво“.
Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за таков фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни се прекинати.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Баерн Минхен и ПСЖ кои се спремни да ја платат клаузулата од 50 милиони евра.
Томас Тухел го сака во своите редови со оглед на фактот дека одлично го познава, а ПСЖ уште минатото лето покажуваше интерес за Французинот.