Дома Македонски спорт Мак фудбал Барди: Имаме играчи кои потпишаа за големи клубови и очекуваме многу

Барди: Имаме играчи кои потпишаа за големи клубови и очекуваме многу

Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар против Фарски Острови присуствуваше и капитенот Енис Барди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барди вели дека атмосферата е добра и очекува Македонија да се прикаже во добр светло.

„Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу.

Не треба да бараме алиби и како и секогаш да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме“, изјави Барди.

Натпреварот против Фарски Острови, Македонија го игра утре од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…