Дома Фудбал Барди за клупскиот сајт на Леванте го најави градското дерби 🎥

Барди за клупскиот сајт на Леванте го најави градското дерби 🎥

Леванте и Валенсија утревечер ќе го играат градското дерби во Ла Лига, а македонскиот репрезентативец Енис Барди оваа средба ја најави на посебен начин.

Барди дуелот го најави со видео на кое може да се види мал дел од убавините на Валенсија.

„Ова е град кој те мотивира. Во Валенсија сум веќе четири години и тука животот е прекрасен имаш многу можности, фудбалот е страст кој дополнително плени да се заљубите во градот. Очекувам утрешното дерби да донесе нова приказна и возбуда, штета е што ќе нема навивачите на трибините“, изјави Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…