Дома Македонски спорт Барди асистент, Леванте го сруши Реал во Мадрид!

Барди асистент, Леванте го сруши Реал во Мадрид!

Реал Мадрид денес им приреди ново непријатно изненадување на своите навивачи.

На домашен терен „кралевите“ беа поразени од тимот на нашиот Енис Барди, Леванте. Натпреварот уште на стартот не беше добар за Реал. Милитао заработи црвен картон во деветтата минута од натпреварот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако Реал беше со играч помалку само четири минути подоцна Асенсио доби една одлична топка и го доведе Реал во водство. Резултатот беше изедначен во 32. минута кога гол постигна Моралес.

Куртоа после еден час игра го спаси Реал бранејќи го пеналот на Роџер. Сепак, истиот играч само десетина минути подоцна од игра погодува за 1:2.

Барди натпреварот го започна од клупата за резерви, а во игра влезе во 60. минута. Македонскиот репрезентативец имаше голем удел во победата затоа што токму тој додаде до Роџер при постигнувањето на голот.

После овој пораз на Реал Барселона со победа против Билбао утре ќе се изедначи со 40 бодови на втората позиција. Лидер е Атлетико кој има 47 бодови и два натпревари помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…