Пред неколку месеци цела Европа се смееше со него бидејќи бараше клуб преку оглас на Линкедин, а денес за него се „тепаат“ италијанските гиганти Интер и Лацио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за поранешниот италијански репрезентативец, Кристиан Закардо кој го привлече вниманието на фудбалската јавност откако објави „оглас за работа“ после ракинувањето на договорот со Виченца.
35-годишниот дефанзивец би можел да го облече дресот на Инетер или Лацио кој покажуваат интерес за него бидејќи имаат потреба од дефанзивец.
Поранешниот фудбалер на Палермо, Волфсбург, Милан и Парма е слободен агент, бара работа преку оглас, па наскоро би можел да ја заврши потрагата и повторно да се врати на фудбалските терени.