Холандскиот ветеран е пред интересен трансфер…
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешниот фудбалер на Интер, Весли Снајдер, кариерата би можел да ја продолжи во Ница.
Францускиот клуб е спремен да ги исполни барањата на Снајдер и на Балотели да му доведе одличен соиграч. Холанѓанецот во Ница би пристигнал како слободен играч, откако претходно го раскина договорот со Галатасарај.
Фудбалскиот ветеран и понатаму е во добра форма, во минатата сезона постигна 17 погодоци во сите натпреварувања и Ница со него сигурно би добила засилување кое би го подигнало нивото на игра.
Сигурно дека Балотели со задоволство би го пречекал Снајдер во Ница, со оглед на тоа дека тие двајца веќе беа соиграчи во времето кога двајцата настапува за Интер.