Поранешниот италијански фудбалер, Федерико Балзарети раскажа една анегдота поврзана за Златан Ибрахимовиќ.
Иако има многу приказни раскажани за Ибрахимовиќ и неговата кариера, Балзарети носи интересна приказна од периодот кога тој и Златан играа заедно за Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ручавме со екипата на Јувентус и тогаш ни рече дека после ручекот оди да потпише за Милан. Кога се врати, го прашавме како помина, а тој одговори: ‘Добро сум, потпишав за Интер’. Тоа никогаш нема да го заборавам“, изјави Балзарети.
Кој знае што тогаш мислел Златан, па наместо за Милан, потпишал за Интер, но сеедно подоцна стана и член на Росонерите. Балзерати играше за Јуве од 2005. до 2007. година, додека Швеѓанецот во Торино беше од 2004. до 2006. година, а потоа потпиша за Интер, па играше во Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и денеска е член на Лос Анџелес Галакси