Дома Трансфер зона Бакајоко прави шокантен трансфер во Интер

Бакајоко прави шокантен трансфер во Интер

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Интер сака да му го „украде“ Бакајоко на градскиот ривал.

24-годишниот Французин оваа сезона играше во дресот на Милан како позајмен фудбалер од Челзи и „росонерите“ имаат право да го откупат за 35 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бакајоко одигра одлична сезона и беше еден од најдобрите поединци на Милан, но откако „росонерите“ не успеаа да обезбедат пласман во ЛШ, одлучија да не го откупуваат неговиот договор.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер. Имено, Конте одлично го познава Бакајоко и сака повторно да соработува со него во Интер, па му препорачал на „нероаѕурите“ по секоја цена да му го донесат во тимот.

Директорот на „нероаѕурите“ Марота веќе стапил во контакт со неговиот агент Федерико Пасторело и почнал да работи да го донесе играчот на „Џузепе Меаца“.

„Нероаѕурите“ ќе му предложат на Челзи едногодишна позајмица од 5 милиони евра со право на откуп следната година за додатни 30 милиони евра.

Бакајоко се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па ова би било сериозен удар за Милан, а големо засилување за Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…