Дома Фудбал Базел на Јанг Бојс му порача: Добро чувајте ни го трофејот, ќе си го вратиме следната година!

Базел на Јанг Бојс му порача: Добро чувајте ни го трофејот, ќе си го вратиме следната година!

Јанг Бојс оваа сезона после 32 години ја освои шампионската титулва во Швајцарија, со што ја прекина осумгодишната доминација на Базел.

На адреса на клубот од Берн овие денови пристигнаа многу честитки, а најоригиналната честитка пристигна од најголемиот ривал, тимот на Базел.

„Ве молиме да ни го чувате добро трофејот. Планираме следната сезона да го вратиме во добра состојба“, му порача Базел на ЈангБојс.

Интересно, Базел за оваа честитка закупи една цела страна во еден од најтиражните весници во Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…