Дома Трансфер зона Баерн ја одреди цената: Тој што го сака Левандовски треба да плати…

Баерн ја одреди цената: Тој што го сака Левандовски треба да плати…

Раководството на Баерн Минхен нема намера да преговара за својот напаѓач Роберт Левандовски за цена помала од 100 милиони евра, пренесува „Кикер“.

Полскиот репрезентативец е трансфер цел на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но има договор со Баварците до 2021 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред неколку дена медиумите излегоа со информација дека Левандовски постигнал комплетен договор со Реал Мадрид, но Флорентино Перез разговарал со Румениге и му соопштил дека немал никаков контакт со напаѓачот.

Баерн нема намера да го продаде Левандовски, но доколку самиот фудбалер инсистира да ја промени средината, тогаш Баварците ќе бараат 100 милиони евра.

Медиумите се сомневаат дека споменатите клубови се спремни да платат толкава сума за фудбалер кој на лето ќе наполни 30 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…