Пред неколку дена се појави веста дека Баерн Минхен го сака Паоло Дибала и дека за неговите услуги се спремни да понудат и 100 милиони евра. За ова повеќе ТУКА.
Сепак, изгледа Дибала не е единствениот клуб од Серија А за кого Баерн покажува интерес. Како што пишуваат германските медиуми и фудбалерот на Милан, Сусо се наоѓа на нивниот радар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот прикажува одлични игри во претходните две сезони, па го привлече вниманието на себе, претходно најмногу се поврзуваше со враќање во Ливерпул.
Сусо во текот на есента го продолжи договорот со „росонерите“ до 30 јуни 2022 година, а неговата моментална вредност се проценува на околу 40 милиони евра.
Овој 24 годишен фудбалер се вклопува во профилот на играчот кој му е потребен на Баерн, со оглед на тоа дека Рибери и Робен влегуваат во поодминати фудбалски години.