18-годишниот фудбалер на Барселона, Педри е прогласен за „Златно момче“, односно најдобар млад фудбалер во Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Педри импресионираше со своите настапи во дресот на Барселона и заработи место во шпанската репрезентација.
Каталонците неодамна го „блиндираа“ со нов договор и откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Меѓутоа, Баерн Минхен е силно заинтересиран за Педри и подготвува „непристојна“ понуда до Барселона, која е во голема финансиска криза.
Според медиумите германскиот тим е подготвен да плати 100 милиони, плус на Педри ќе му понуди далеку поголема плата која ја има во Барселона.
Останува да се види како ќе реагира Барселона на ваквата понуда, иако мали се шансите да го продаде својот „бисер“.