Екипата на Баерн Минхен би можела да добие фантастично засилување.
Германските медиуми тврдат дека 17 годишниот напаѓач на ХСВ, Џан-Фиет Арп многу брзо би можел да заврши во редовите на клубот од Минхен кој е сериозно заинтересиран за неговите услуги.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Раководството на Баерн на чело со директорот Хасан Салихамиџиќ започна преговори со талентираниот фудбалер на кого му се предвидува блескава кариера, а покрај Баерн за овој фудбалер интерес покажаа Челзи, Јувентус и Борусија Дортмунд.
Арп блеска и во дресот на репрезентацијата на Германија. За селекцијата до 17 години тој постигна 14 погодоци на 15 натпревари, додека на само три натпревари за ХСВ оваа сезона постигна дури седум погодоци.
Баерн во овој момент е фаворит за неговиот потпис и на „Алијанц Арената“ наскоро би можела да пристигне нова гол-машина.
Договорот на младиот фудбалер со ХСВ има важност до 2019 година.