Дома Топ вести Баерн Минхен ја „краде“ аргентинската ѕвезда

Баерн Минхен ја „краде“ аргентинската ѕвезда

Баерн Минхен е последниот европски гигант кој се вклучи во трката по ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот напаѓач блесна во дресот на Ривер Плата и заврши како најдобар стрелец во аргентинското првенство, па е на мета на многу европски гиганти.

Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.

Алварез заврши најдобар стрелец во аргентинското првенство со 17 гола и 8 асистенции, а во договорот со Ривер има откупна клаузула од 25 милиони евра.

За Аргентинецот интерес покажуваат неколку европски гиганти, но фудбалерот самиот призна дека најдобрата понуда ја има од Баерн Минхен.

Се очекува Баварците да ја платат откупната клаузула и да го комплетираат трансферот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…