Дома Трансфер зона Баерн и ПСЖ се „тепаат“ за Бразилец од Шахтјор

Баерн и ПСЖ се „тепаат“ за Бразилец од Шахтјор

Бразилскиот дефанзивец на Шахтјор, Додо е на радарот на неколку европски гиганти, а главната битка за неговиот потпис ќе ја водат ПСЖ и Баерн Минхен.

Баерн и ПСЖ веќе подолго време ги следат настапите на десниот бек и веќе се спремни да испратат понуда до украинскиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баварците веќе испратиле првична понуда од 20 милиони евра за Бразилецот, но Шахтјор не сака да ја пушти својата ѕвезда за помалку од 30 милиони евра.

ПСЖ во Додо гледа идеална замена за Томас Муние, кој е на излезна врата од клубот, па спортскиот директор Леонардо наскоро ќе испрати конкретна понуда.

Додо пристигна во Шахтјор од Коритиба во 2018 година и оваа сезона одигра 24 меча на кои постигна 2 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…