Дома Трансфер зона Баерн Минхен и ПСЖ го сакаат Дембеле

Баерн Минхен и ПСЖ го сакаат Дембеле

Осман Дембеле на лето може да ја напушти Барселона поради клаузулата во договорот, пренесува „Мундо Депортиво“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за таков фудбалер.

Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни се прекинати.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат Баерн Минхен и ПСЖ кои се спремни да ја платат клаузулата од 50 милиони евра.

Томас Тухел го сака во своите редови со оглед на фактот дека одлично го познава, а ПСЖ уште минатото лето покажуваше интерес за Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…