Дома Трансфер зона Баерн добива ГОЛЕМО засилување за 40 милиони евра

Баерн добива ГОЛЕМО засилување за 40 милиони евра

Баерн Минхен договори големо засилување за следната сезона и со тоа ги победи бројните конкуренти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањата на реномираниот весник „L`equipe“, германскиот шампион го договори трансферот на играчот на Лион, Корентин Толисо, еден од најбараните играчи во овој трансфер период. Исто така, клубот од „Алијанц Арена“ доби „зелено светло“ и од самиот играч кој беше блиску до италијанските клубови Јувентус, Милан и Интер.

Меѓутоа, на крајот, најверојатно 22-годишниот репрезентативец на Франција ќе си замине во Минхен, а Лион ќе заработи големи 40 милиони евра. Иако има договор до 2020. година, Толисо сакаше да го напушти клубот и ќе се бори со нов клуб за трофеи, што кај Карло Анчелоти сигурно ќе има можност следната сезона.

Играчот за врска оваа сезона одигра 47 натпревари за Лавовите, а постигна 14 гола и запиша седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…