Дома Трансфер зона Баерн го стави на продажба светскиот шампион

Баерн го стави на продажба светскиот шампион

Баерн Минхен на крајот на сезоната спрема голема „листка“ и ќе се ослободат од неколку првотимци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Билд“ ексклузивно ја објави листата на фудбалери кои ќе бидат ставени на трансфер листа, а меѓу нив е и францускиот репрезентативец Корентин Толисо.

25-годишниот играч за врска минатата сезона подолго време беше надвор од терените поради повреда на коленото, а оваа сезона има одиграно 10 меча во Бундеслигата и пет во Лигата на шампиони.

Толисо во последно време е во втор план кај тренерот на Баварците, па раководството се одлучи да го стави на трансфер листа.

Французинот пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн планира да ја врати приближно вложената сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…