Мануел Ноер си направи проблем и на себе и на Баерн кога по елиминацијата на Германија на Светското првенство во Катар, на скијање ја скрши ногата.
Сега повторно се најде во центарот на вниманието откако зборуваше за отказот кој Баерн му го даде на тренерот на голманите Тони Топаловиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Топаловиќ е близок со германскиот голман, тој е и негов кум, па голманот не го прифати најдобро отказот.
„Тоа беше голем удар за мене, се случи сосема неочекувано и бев изненаден. Не разбирам зошто клубот така постапи, неговиот отказ за мене како некој да „откинал“ дел од моето срце“, изјави Ноер.
Набрзо по оваа изјава на Ноер следуваше реакција на Оливер Кан.
„Тоа што Ноер го изјави за заминувањето на Топаловиќ не му доликува како капитен и не ги покажува вредностите на клубот. Ноер беше лично погоден и знаевме дека ќе биде така.
Во слична ситуација се најдов кога Сеп Мајер во 2004 година почувствуа дека федерацијата го изневери и остави се и си замина. Бев лут и разочаран, но знаев дека најважна е заедничката цел на тимот, затоа молчев и не зборував јавно. Мануел го направи спротивното и ќе имаме сериозен разговор“, изјави Кан.