Дома Топ вести Баерн го „краде“ Де Јонг пред носот на Манчестер Јунајтед

Баерн го „краде“ Де Јонг пред носот на Манчестер Јунајтед

Баерн Минхен сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Манчестер Јунајтед подолго време преговара и постигна договор со Барселона, но Де Јонг одбива да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен, кој веќе почнал преговори со Барселона и е спремен да плати 80 милиони евра.

Баварците денес треба да го комплетираат трансферот на Матијас де Лихт од Јувентус, а потоа можат да го донесат и неговиот пријател Де Јонг од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…