Дома Фудбал Германија Баерн го испрати Салзбург со „седумка“ 🎥

Баерн го испрати Салзбург со „седумка“ 🎥

Барн Минхен вечерва немаше проблеми и лесно стигна до победа против Салзбург од 7:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот натпревар заврши без победник 1:1, а Баерн на домашен терен од самиот старт најави во каква насока ќе одат работите вечерва. Германскиот гигант после само 23 минути игра имаше предност од 3:0, па до крајот само остануваше отворено прашањето со каков резултат ќе се заврши натпреварот.

Сите три гола за Баерн во тој период ги постигна Роберт Левандовски. До крајот на полувремето погоди и Гнабри за баварците со 4:0 да заминат на пауза. Во вториот дел Милер и Сане се погрижија за поубедлива победа. Милер постигна два гола во 54. и 83. минута, а Сане ги постави конечните 7:1 пред самиот крај. Почесниот гол за гостите беше дело на Кјаергард во 70. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал потроши повеќе од 200 милиони евра, но не го затвора паричникот – ќе има уште засилувања!

Реал Мадрид од 2019 година не потрошил толку во летниот преоден рок како годинава, но тука…