Дома Фудбал Баерн ги обвини Ливерпул и Манчестер Јунајтед за Алкантара

Баерн ги обвини Ливерпул и Манчестер Јунајтед за Алкантара

Бившиот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес зборуваше за ситиацијата на Тиаго Алкантара, кој е пред заминување од клубот.

Алкантара влезе во последната година од договорот и одби да ја продолжи соработката со Баварците, а медиумите тврдат дека веќе има договор со Ливерпул.

„Ние му предложивме нов 4-годишен договор, но во последен момент тој откажа и ни кажа дека сака нов предизвик во кариерата. Веројатно веќе се договорил со Ливерпул или Манчестер Јунајтед, или пак со двата клуба истовремено“, тврди Хенес.

„Меѓутоа, ниту еден од двата клуба се уште нема испратено понуда до нас. Блефираат и најверојатно чекаат да дојде последната недела од трансфер пазарот за да се обидат со многу пониска понуда. Баерн треба да реши дали сака да биде дел од таа игра или да го задржи Тиаго до крајот на договорот“, додаде Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невидлива за „Златната топка“, незаменлива за Сити: Хемп заслужува повеќе

Лорен Хемп не се најде меѓу најдобрите во изборот за „Златната топка“, но нејзиниот ефект …