Дома Трансфер зона Ајакс ја одби првата понуда од Мадрид, Холанѓаните сакаат повеќе

Ајакс ја одби првата понуда од Мадрид, Холанѓаните сакаат повеќе

Aргентинецот е на цена после одличните изданија во Лигата на шампионите.

Кога минатото лето се појави од никаде во првите 11 на Аргентина, па уште кога прерано со оваа селекција го заврши настапот на Мундијалот многумина Николас Таљафико го отпишаа. Не и Ајакс…Гигантот од „Јохан Кројф Арената“ веруваше во поранешниот член на Индепендиенте, а тоа на крајот може да им донесе значаен профит.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Таљафико во јануари 2018 година беше купен за четири милиони евра, а после одличните настапи во Лигата на шампионите и холандското првенство цената му порасна.

Според информациите на холандските и шпанските медиуми, Ајакс одби 14 милиони евра вредна понуда од Мадрид. Пристигна од Атлетико, кој на големо се спрема за реконструкција на одбраната.

Договорот на Фелипе Луис истекува, а Лукас Ернандез оди во Баерн за 80 милиони евра. Диего Симеоне под итно мора да пронајде ново решение, првата понуда од Атлетико беше одбиена, бидејќи Ајакс бара повеќе. Наводно, цената на нивниот првотимец изнесува околу 25 милиони евра, што за Атлетико не би требало да биде некој проблем.

Во меѓувреме за Таљафико освен Атлетико се интересираа Барселона и Арсенал.

„Доставија понуда, но не ја прифативме, бидејќи сметаме дека сега е вистински момент да направи исчекор во кариерата. Ќе видиме што ќе се случува на пазарот. Не сме зборувале за бројки, но Ајакс има одредена цена. Претпоставувам дека е повеќе од 20 милиони евра“, изјави Рикардо Шлипер, агентот на 26 годишниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…