Дома Фудбал Ајакс поради УЕФА мора да прави корекции на третиот дрес

Ајакс поради УЕФА мора да прави корекции на третиот дрес

Ајакс на почетокот на сезоната ја воодушеви јавноста со својата трета гарнитура на дресови.

Изгледот на новиот дрес на Ајакс беше навистина фантастичен, а инспирација беше познатиот музичар Боб Марли. Навивачите беа воодушевени, меѓутоа Ајакс нема да може да игра со овој дрес во натпреварувањата на УЕФА.

Во Ајакс мораа да ги отстранат трите птици на задната страна од дресот. Имено, правилникот на УЕФА вели дека на дресовите исклучиво можат да се наоѓаат само логоата на спонзорите и клупскиот грб.

Во првото коло од ЛШ Ајакс ќе игра со Спортинг. Според најавите нивниот план беше да играат во третиот дрес, но прво ќе мора да направат одредени корекции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…