Ajaкс од Амстердам продал дури 13 фудбалери во изминатата година.
Од редовите на холандскиот шампион заминаа познати имиња, на кои денес им се приклучи Хаким Зијеш кој од лето ќе го носи дресот на Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа во Ајакс веројатно не се каат поради продажбата на фудбалерите бидејќи заработија околу 220 милиони евра.
Најмногу добија од продажбата на Френки Де Јонг и Матијас Де Лихт (75 милиони евра), Хаким Зијеш стана играч на Челзи за 40 милиони евра и тоа се убедливо најскапите трансфери на овој клуб.
Исто така добар износ добија за Каспер Долберг од Ница (20 милиони евра).
Френки Де Јонг (75 милиони евра) + 11 милиони евра бонус
Матијас Де Лихт (75 милиони евра)
Макси Вобер (10.5 милиони евра)
Дели Сингравен (5 милиони евра)
Ваквал Серни (900.000 евра)
Расмус Кристенсен (пет милиони евра)
Лас Шоне (1.5 милиони евра)
Каспер Долберг (20 милиони евра)
Дани Де Вит (2 МИЛИОНИ ЕВРА)
Матео Касеира (2.5 милиони евра)
Луис Мануел Орејула (1.35 милиони евра)
Кај Сиерхиус (4 милиони евра)
Хаким Зијеш (40 милиони евра) + 4 милиони евра бонуси