Дома Фудбал Лига на шампиони Атл.Мадрид – Ливерпул: Одличната дефанзива на домаќинот, голем предизвик за „црвените“

Атл.Мадрид – Ливерпул: Одличната дефанзива на домаќинот, голем предизвик за „црвените“

Ливерпул ќе се обиде да го продолжи својот совршен почеток во Лигата на шампионите кај Атлетико Мадрид во рамки на групата Б.

Екипата на Јирген Клоп го совлада Порто со 1:5 на вториот меч од групата, додека Атлетико забележа последна победа над Милан, исто така во гости со 1:2.

Атлетико ќе биде задоволен и со бод


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Многумина мислеа дека натпреварот на Атлетико со Милан ќе заврши нерешено, но во 84-та минута, благодарение на Антоан Гризман дојде израмнување, а во 97-та минута дојде целосен пресврт преку Суарез.

Екипата на Симеоне секако напорно ја оствари победата на Сан Сиро, а освои само поен од средбата со Порто, но победата од 2:0 над Барселона, непосредно пред меѓународната пауза, ја зголеми довербата во редовите на Атлетико.

Бидејќи нивниот меч во Ла Лига со Гранада беше одложена поради доцните пристигнувања назад од меѓународните обврски, Атлетико имаше доволно време да се подготви за гостувањето кај Ливерпул, бидејќи се обидува да ја продолжи својата серија без пораз на домашен терен во сите натпреварувања на 13 натпревари.

Цврстата одбрана на Симеоне во последните три натпревари на „Ванда Метрополитано“ не прими гол.

Ливерпул во одлична форма

Јирген Клоп сакаше да нагласи дека претходните голови на Ливерпул во Порто нема да значат ништо пред нивното гостување во Мадрид.

Мохамед Салах (2), Роберто Фирмино (2) и Садио Мане, беа стрелци против Порто за висока победа, која значеше запоседнување на групата Б. Сега Ливерпул има максимални шест бода в група со Атлетико, Порто и Милан.

Колку Ливерпул е во добра форма, особено ова трио во офанзивата говори фактот што истите тројца беа стрелци против Ватворд викендов во победата од 0:5.

Сега се без пораз на 20 натпревари во сите натпреварувања, а замислете – Ливерпул има постигнато 27 од последните осум натпревари. Ваквата моќ во нападот ќе биде тестирана до крајност против убедливиот Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …