Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид тргнува по Пјонтек

Атлетико Мадрид тргнува по Пјонтек

Раководството на Атлетико Мадрид има намера да го засили нападот во зимскиот преоден рок.

„Јорганџиите“ имаат постигнато само 16 гола во првите 15 кола во Примера, притоа, Диего Коста поради повреда ќе мора да паузира уште неколку месеци.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според „АС“ најголеми желби на Симеоне за таа позиција се Едисон Кавани од ПСЖ и Криштоф Пјонтек од Милан.

Кавани иако е во последната година од договорот ПСЖ тешко дека ќе го пушти на средина од сезоната, па многу поверојатен е трансферот на Пјонтек.

Полскиот напаѓач оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на Милан и има постигнато само три гола, а доколку пристигне Ибрахимовиќ клубот е отворен да го продаде во јануари.

Италијанските медиуми пренесуваат дека не е исклучена можноста двата клуба да направат трампа, така што Милан ќе го добие Анхел Кореја, за кого беа заинтересирани уште во летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…