Атлетико Мадрид е спремен да понуди 20 милиони фунти за плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Озил не влегува повеќе во плановите на Унаи Емери и Арсенал е спремен да се радели со Германецот, но проблем при трансферот може да претставува високата плата.
Озил во моментов на „Емирати“ заработува 350.000 фунти неделно, и ниту еден од заинтересираните клубови не е спремен да му ја дава таа плата.
„Топџиите“ сакаат по секоја цена да се ослободат од Озил и од неговата висока плата, бидејќи тоа ќе им овозможи да бидат активни на трансфер пазарот.
Атлетико е заинтересиран за Германецот, но за да се реализира трансферот Озил треба да прифати помала плата.