Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид го сака Лингард

Атлетико Мадрид го сака Лингард

Џеси Лингард одигра фантастично минатата сезона откако го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Вест Хем.

Одличните игри на 28-годишниот офанзивен фудбалер не останаа незабележани, па според информациите на медиумите од Островот интерес за него покажуваат Атлетико Мадрид и Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лингард има договор со Манчестер Јунајтед на уште една година, и се врати на „Олд Трафорд“ бидејќи Вест Хем не беше во можност да го откупи неговиот договор.

Челните луѓе на Јунајтед поставиле цена од 30 милиони евра, а Атлетико Мадрид е спремен да ја плати оваа сума.

„Јорганџиите“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент и ќе започнат преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го најде наследникот на Жиру

„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголе…