Диего Годин на крајот на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид како слободен агент, а „јорганџиите“ веќе ја започнаа потрагата по негов заменик.
Најголема желба на тренерот Диего Симеоне е младиот француски репрезентативец и член на Лајпциг, Дајочанкуле Упамекано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
20-годишниот стопер игра одлично во Бундеслигата и веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти како Барселона, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул.
Во неговиот договор со Лајпциг има откупна клаузула од 100 милиони евра, меѓутоа Атлетико ќе се обиде да го договори трансферот за 50 милиони евра.
„Јорганџиите“ наводно веќе почнале да работат на трансферот со цел да ја победат силната конкуренција.
https://youtu.be/N38Bu90kCvc