Екипата на Аталанта вчера доживеа тежок пораз од Ливерпул, 5:0 во 3. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тоа беше прв натпревар во која екипата од Бергамо сезонава не постигна гол.
Освен тоа, Аталанта вчера стана и рекордер во Лигата на шампионите. На натпреварите на овој клуб паѓаат повеќе голови отколку на било кој друг клуб во историјата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова беше 12. натпревар на Аталанта во ЛШ и вкупно на тие натпревари паднаа 48 голови (постигнаа 23, примија 25) што во просек е 4 по натпревар. Тоа е најмногу во конкуренција на сите клубови кои одиграле барем 10 натпревари во ова натпреварување.
4.0 – Atalanta's 12 Champions League matches have seen a total of 48 goals (23 scored & 25 conceded), at an average of four per game; this is the highest goals per match average for any side with 10+ games in the competition. Rollercoaster. pic.twitter.com/PrL5P5J9iq
— OptaJoe (@OptaJoe) November 4, 2020