Дома Фудбал Италија Аталанта – Наполи: Момент на вистината за Анчелоти и дружината!

Аталанта – Наполи: Момент на вистината за Анчелоти и дружината!

Последниот натпревар од 14-то коло во Серија А ќе се игра денес во 20:30, во Бергамо каде што домаќините Аталанта ќе го дочекаат тимот на Наполи. И едните и другите се одлични во последно време, па очекуваме доста интересен дуел.

Аталанта: Оваа екипа блеска во последно време!

Mожеби тимот од Бергамо не ја започна сезоната на најдобар можен начин, но како што одминува времето тие се се подобри и подобри. Овој период им започна после елиминацијата од Копенхаген во плејофот за Лига Европа.  Моментално Аталанта ја има 11-та позиција на табелата, но е само три бода зад екипата која се наоѓа на шестото место, односно на позицијата за Лига Европа. Интересно е тоа што тие играат одлично на домашен терен, а тоа го докажаа против силни противници.  Тренерот Гасперини не може да смета на овој натпревар на еден од најдобрите фудбалери, Иличиќ, кој има суспензија поради жолти картони.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


дерби на денот

Наполи: Одлична игра во ЛШ, а во Серија А може и подобро!

Во последното коло Наполи киксна против последниот тим на табелата – Киево. Во Лигата на шампиони стигна до значајна победа од 3:1 над Црвена Звезда, а мора да признаеме дека немаа некоја посебна и завидна игра. Наполитанците на тој начин ја презедоа лидерската позиција со освоени 9 бода, а освен тоа на некој начин и го обезбедија пласманот во ЛШ за на пролет. Општиот впечаток за Серија А е дека Анчелот може и подобро, но како и да е не се ни толку лоши. Титулата во Италија скоро и ја изгубија, бидејќи како што и самите знаете Јувентус е прејак оваа сезона.

Веројатни состави:

Аталанта: Бериша, Толој, Масиело, Манчини, Хатебур, Де Рон, Фреулер, Пашалиќ, Гомез, Госенс, Запата.

Наполи: Оспина, Максимовиќ, Кулибали, Албиол, Руи, Фабиан Руиз, Алан, Хамшик, Мертенс, Инсиње, Милик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…