Дома Фудбал Италија Аталанта во натпревар со шест гола го победи Торино ?

Аталанта во натпревар со шест гола го победи Торино ?

Во натпревар од 2. коло во италијанската Серија А Торино денес ја пречека Аталанта, а гостите од Бергамо славеа со 4:2 во одличен натпревар.

Обично на натпреварите на Аталанта гледаме многу голови, така беше и денес. Головите беа очекувани затоа што и Торино е екипа која игра офанзивно.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Токму поради тоа во почетните 20 минути видовме три гола. Започна со оглот на Белоти во 11. минута, Алехандро Гомез во 13. минута погоди за изедначување, а во 20. минута Муриел носи пресврт за Аталанта.

Со голот на Хетебоер Аталанта зголеми на 3:1 во 42. минута, а Белоти намали на 3:2 само една минута подоцна. Во вториот дел видовме само еден гол со кој Де Рон ја обезбеди победата за Аталанта во 54. минута.

Во следното коло Аталанта гостува кај Лацио, а Торино ќе оди на гости кај Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси нема дилеми која е новата ѕвезда на Барселона: Тој е сегашност и иднина!

Лионел Меси веќе години е далеку од Барселона, но засекогаш ќе биде поврзуван со овој клуб…