Дома Фудбал Астон Вила го сруши рекордот по број на удари, но одигра само 0:0

Астон Вила го сруши рекордот по број на удари, но одигра само 0:0

Астон Вила и Барнли вечерва во Бирмингем го одиграа натпреварот од 13. коло во ПЛ, а на крајот немаше погодоци.

На некој начин гостите ја преживеаја опсадата која траеше 90 минути и освоија бод, а домашните би требало да се запрашаат кога е во прашање реализацијата во нападот.

Инаку, ова е натпревар во кој Астон Вила го сруши рекордот во ПЛ со 27 удари кон противничкиот гол. Само седум беа во рамките на голот, а останатите главно беа безопасни кон голот на Попе.

Вила сега е 11. со 19 бода, а им следува гостување кај ВБА, додека Барнли со 10 бода е веднаш над опасната зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…