Aстон Вила минатата сезона некако се спаси и остана во Премиер лигата.
За во новата сезона да не се соочи со такви проблеми потребни се засилувања, а денес клубот го официјализираше најскапото засилување во историјата. Вила го собори сопствениот рекорд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оие Ваткинс уште пред два дена допатува во Бирмингем, а денес неговиот трансфер од Брентфорд во Вила беше официјализиран.
24 годишниот напаѓач стана најскапото засилување во историјата на клубот бидејќи е платен повеќе од Весли минатото лето.
Весли кој минатото лето пристигна на „Вила Парк“ беше платен 22 милиони фунти на Клуб Бриж, додека за Ватинс Вила издвои 28 милиони фунти. Брентфорд со се бонусите би можел да заработи до 33 милиони фунти.
Ollie Watkins: Announced. ✅
— Aston Villa (@AVFCOfficial) September 9, 2020
Say hello to our new striker! ?#WatkinsAnnounced