Дома Трансфер зона Асмир Беговиќ има нов клуб!

Асмир Беговиќ има нов клуб!

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина Асмир Беговиќ (36) има нов клуб.

Искусниот голман потпиша едногодишен договор со тимот од Чемпионшип Квинс Парк Ренџерс.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина договори соработка со лондонскиот клуб до летото следната година, а го избра КПР наместо новиот премиерлигаш Лутон Таун.

Така Беговиќ по долго време повторно ќе брани во Чемпионшип. Во изминатите години редовно бранеше во друштво на најдобрите англиски екипи, а смени и неколку екипи.

Последниот ангажман на 36-годишниот голман беше во Евертон. Тој помина две години на Гудисон Парк по претходните периоди во Карабаг од Азербејџан и Милан.

Беговиќ во текот на кариерата бранеше и за Бурнмаут, Челзи, Стоук Сити и Портсмут, како и за неколку пониски екипи каде што стекна искуство.

Квинс Парк Ренџерс минатата сезона заврши на 20. место во Чемпионшип. За влакно избегнаа испаѓање во третата лига на англискиот фудбал и во новата сезона имаат намера да тргнат кон врвот.

КПР имаше многу проблеми во последните неколку години. Испаднаа од Премиер лигата во 2016 година и оттогаш мака мачат во втората лига и не се ни блиску до самиот врв.

Беговиќ треба да му даде стабилност на овој лондонски клуб меѓу стативите. Неговото искуство навистина може да му помогне на овој тим, кој го чека уште една предизвикувачка сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…