Познати се броевите со кои ќе играат фудбалерите на Реал Мадрид во новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралевите“ успеаа да се ослободат од Герет Бејл, кој се пресели во Тотенхем на едногодишна позајмица, а неговата „единаесетка“ од оваа сезона ќе биде на грбот на Марко Асенсио.
За овој дрес интерес пројави и Винисиус, но имаше проблем. Тој викендов ќе игра против Реал Сосиедад и е веќе пријавен со број 20 и според правилата на ла Лига потоа не може да го менува.
Повратникот во Реал Мадрид, Мартин Одегард го избра дресот со број 21.
