Реал Мадрид е спремен да го продаде Марко Асенсио, па неколку заинтересирани клубови веќе работат на трансферот.
„Кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Килијан Мбапе и се убедени дека само прашање на време е кога Французинот ќе пристигне во Мадрид, па поради тоа се спремни да го продадат Асенсио.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио е спремен на лето да ја промени средината, па веќе започна битката за неговиот потпис.
Најсилен интерес за Шпанецот покажуваат англиските гиганти Ливерпул и Арсенал, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Покрај нив, интерес за Асенсио покажуваат уште Милан, Јувентус и Тотенхем.
Шпанецот на лето сигурно ќе има повеќе понуди на маса, па останува да видиме кој ќе биде неговиот избор.