Фудбалерите на Арсенал влегоа во клучниот и најтешкиот дел од сезоната, а денеска тренерот на Арсенал, Микел Артета соопшти добра вест.
Дефанзивецот Јуријен Тимбер се опорави од тешката повреда на лигаментите на коленото и наскоро ќе се врати на терените.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Утрешниот дуел со Лутон му доаѓа прерано, но во текот на април Тимбер ќе добие минутажа во густиот распоред.
„Тимбер сè уште не е спремен, но тој ќе биде наскоро и тоа е одлична вест за нас“, изјави Артета.
За Арсенал е одлично што Артета во завршницата од сезоната ќе може да смета на сите свои играчи, секако ако во меѓувреме не дојде до некаква нова повреда.
Арсенал со Баерн Минхен ќе го игра двомечот од четврт-финалето на Лигата на шампионите, а во борбата за титулата го очекуваат три дербија со Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.