Уште пред еден месец новинарите на „Мирор“ најавија дека Арон Рамзи ќе го напушти Арсенал на лето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа сето тоа на играчот никој не му го соопштил се до сега. Според „Дејли Мејл“, Рамзи добил порака дека може да си бара нов клуб, а главната причина за тоа е од финансиска природа.
Самиот играч минатата недела се пожали на новинарите дека никој од клубот не му соопштил ништо, но сега му е соопштено дека неговиот договор нема да биде продолжен. Најмногу поради финансиски причини.
Арсенал смета дека нема да може да го продаде Рамзи на зима, но и самиот играч веројатно би добил поголема плата кога би потпишувал за некој клуб следното лето.
Споменатиот „Дејли Мејл“ тврди дека ситуацијата со Рамзи ја следат Јувентус, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Челзи.
Рамзи во Арсенал пристигна во 2008 година од редовите на Кардиф и до денес одигра 343 натпревари за клубот од Северен Лондон. Оваа сезона настапи на 12 натпревари во сите натпреварувања.