Арсенал покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.
23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓
Нкунку од почетокот на сезоната има постигнато 9 гола и 5 асистенции на 13 меча за Лајпциг.
Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, каде има договор на уште три години.
Арсенал во него гледа идеално засилување во нападот, каде на лето најверојатно ќе остане без Лаказет.
Меѓутоа, „топџиите“ ќе треба да ја победат силната конкуренција, а цената на напаѓачот секојдневно расте.