Раководството на Јувентус не усклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, пренесува „Калчомеркато“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Влаховиќ беше доведен како големо засилување за 80 милиони евра, но никако да ги оправда очекувањта, па Јувентус и минатото лето беше спремен да го продаде.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е во потрага по таков профил на напаѓач и спрема богата понуда.
Влаховиќ сака преселба во Премиер лигата и верува дека стилот на игра на Арсенал одлично ќе му одговара.
„Калчомеркато“ пренесува дека „старата дама“ за слободата на напаѓачот бара 80 милиони евра, сума која Арсенал е спремен да ја плати.