Дома Фудбал Англија Арсенал – Тотенхем: Лондон има многу клубови, но ова е најголемото дерби со кое може да се пофали!

Арсенал – Тотенхем: Лондон има многу клубови, но ова е најголемото дерби со кое може да се пофали!

Арсенал го пречекува Тотенхем во големото дерби на Лондон. Овој меч привлекува огромно внимание деновиве на островот, а има и зошто. Меѓусебе ќе играат две офанзивни екипи, предводени од неверојатни тактичари од клупата па јасно е дека ќе следиме еден супер меч со многу големо тактичко надмудрување од двете страни.

Двете екипи можат да се пофалат со тактичка флексибилност

Победата од 3:1 над Челзи минатиот викенд беше веројатно најимпресивната игра на Тотенхем во Премиер Лигата сезонава. Формирањето на дијамантот во средината на Маурисио Покетино беше неверојатна, па сега дури се поставуваат прашања во Англија за тактичкиот пристап на Маурицио Сари, кој според британците е лесно прочитлив. Во средината на неделата победата со 1:0 над Интер, беше извојувана со помалку течна игра, но ја покажа отпорноста на Тотенхем и затоа Спарс ќе влезе во овој меч со неверојатна атмосфера. А кога се во прашање вакви дерби дуели, гратски дербија, атмосферата може да се покаже како клучна. Тие ќе го започнат овој натпревар, сепак како мали аутсајдери.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Формата на Арсенал пак во последниве неколку недели беше помалку импресивна, иако Унаи Емери исто така имаше и добар тактички обид минатиот викенд во префрлањето во 3-4-3 формација за победа од 1:2 против одличниот сезонава Бурнемут. Донекаде комплексното патување во Украина не треба да биде целосно релевантно, бидејќи поголемиот дел од големите имиња на Арсенал беа одморени против Ворскла во четвртокот.

ДербиЕмери продолжува со тројца во дефанзива !?

Тактички, ова е многу непредвидлива игра. Арсенал би можел да продолжи со својата тричлена одбрана по победата минатата недела, додека Тотенхем исто така е способен да го користи тој систем, а сега и Јан Вертонген се врати од повредата.

Проблемот на Арсенал е отсуството на Начо Монтреал и фактот дека Сеад Колашинац е подобар како класичен бек, отколку како лев бек. Со Хектор Белерин кој е способен да турка напред на другата страна, а Шкодран Мустафи, Сократис Папастатопулос и Роб Холдинг кој се одлични бекови формацијата со тројца бекови има смисла.

Емери никогаш во целост не најде вистинска рамнотежа во тројката во средниот ред, но затоа Гранит Џака и Лукас Тореира добро функционираат како дуо. Поради тоа формацијата 3-5-2 или 3-4-3 е уште поверојатна со Махтиријан и еден од двајцата Ивоби или Озил позади напаѓачот. Пјер-Емерик Аубамејанг дефинитивно и понатаму ќе биде првиот избор пред Лаказет во нападот. Неговата брзина зад последната дефанзивна линија на Тотенхем може да биде од клучно значење.

Ако сепак Емери се реши на 4-2-3-1 формација, Холдинг ќе биде на клупата, а ќе играат или Лаказет, или Ремзи во првиот тим.

Улогата на Али може повторно да биде клучна

За тактиката, па и за формацијата на Спарс има и неколку прашања. Минатиот викенд, средниот ред со дијамант функционираше одлично, а Покетино може да продолжи со тој стил. Деле Али одигра клучна улога потив Челзи и директно против Џорџињо. Сега од него би можело да биде побарано да направи нешто слично со Лукас Тореира, со што Хари Кејн и Сон повторно лесно би се пробивале пред последните одбранбени фудбалери на Арсенал.

Алтернативно би можело Покетино да започне со 4-2-3-1, со Сон, Али и Кристијан Ериксен зад Кејн. А 3-4-3 е исто така опција, но Покетино би можел да се бори да се вклопи во сите овие формации во 90 минути, нешто што не би било чудно за него. Ненадејната импресивна форма на Муса Сисоко би можела да биде од витално значење во играта со високи темпо, додека Ерик Диер сигурно ќе обезбеди неколку шанси со кратање на противнички пасови на средината од теренот. Но, главната загриженост за Тотенхем ќе биде на десната страна. Трипиер е недоволно заздравен, па така Серж Ауриер ќе го задржи своето место, но во секој случај Спарс изгледаше премногу отворено на десниот дел.

Веројатни состави:

Арсенал: Лено, Белерин, Мустафи, Сократис, Колошинац, Тореира, Џака, Михтаријан, Озил, Ивоби, Обамејанг.

Тотенхем: Лорис, Орие, Алдервајлед, Вертонген, Роус, Сисоко, Даер, Сон, Али, Ериксен, Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марсијал со емотивно писмо се прости од Манчестер Јунајтед

После девет години заврши аваннтурата на Антони Марсијал во Манчестер Јунајтед, кој денес …