Бразилскиот стопер Давид Луиз во самиот финиш од преодниот рок во Англија потпиша за Арсенал.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После се може да се каже дека Арсенал имаше одличен преоден рок, а во последниот ден на „Емирати“ се погрижија за последната линија и во Лондон пристигна бекот Киеран Тиернеј од Селтик и стоперот Давид Луиз од Челзи. За овие двајца клубот плати околу 33 милиони фунти.
Иако Луиз во мај потпиша нов договор со Челзи во средата побара трансфер бидејќи падна во втор план и не сакаше да биде резерва.
Луиз во Арсенал го избра дресот со број 23, а тој број гордо во овој клуб го носеше Сол Кембел во времето кога Арсенал беше во самиот врв на Премиер лигата.
Welcome to The Arsenal, @DavidLuiz_4 ?
— Arsenal (@Arsenal) August 8, 2019