Дома Фудбал Останато Арсенал пред колапс: По 26 години нема да играат во ниту едно европско натпреварување!

Арсенал пред колапс: По 26 години нема да играат во ниту едно европско натпреварување!

Aрсенал вчера го заврши настапит во Лигата на Европа, „топџиите“ беа елиминирани од шпански Виљареал, а со тоа ќе испишат една неслава страница во нивната историја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, после 26 години редовно учество во европските купови Арсенал наредната сезона нема да игра евроспки фудбал. Во Премиер лигата се далеку од Лигата на шампионите, а како што стојат работите тешко дека ќе се пласираат и во новата Конференциска лига на УЕФА која ќе биде трето по ранг натпреварување во Европа.

Шансата за Арсенал беше со освојување на ЛЕ да изборат место во Лигата на шампионите, но тоа не се случи. Вчерашниот дуел со Виљареал заврши без победник 0:0 и благодарение на победата на шпанскиот тим во претходните меч (2:1) тие се клубот кој изборија пласман во финалето каде што ќе играат против Манчестер Јунајтед.

Во овој момент Арсенал е деветти тим во Англија. Последен пат кога Арсенал не бил дел од ниту еден европски куп била сезоната 1995/1996.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Агуеро и предложи засилување на Барселона во нападот: “Совршено би се вклопил”

Агуеро повеќепати истакна дека Хулиан Алварез совршено би се вклопил во системот на игра н…