Арсенал не се откажува од намерата да го доведе во своите редови Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите на Островот.
Србинот веќе долго време е на мета на „топџиите“, но трансферот не се реализира поради високата отштета која ја бара Лацио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио е под притисок.
Поради тоа Арсенал верува дека со понуда од 70 милиони евра ќе го убеди италијанскиот клуб да го пушти Милинковиќ-Савиќ.
Сепак, „топџиите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за играчот силен интерес покажува и Јувентус.