Дома Трансфер зона Арсенал и Сити го сакаат Леао, Милан му спреми нов договор

Арсенал и Сити го сакаат Леао, Милан му спреми нов договор

Одличните партии на Рафаел Леао во дресот на Милан од почетокот на сезоната не останаа незабележани од европските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, па неколку европски гиганти веќе покажуваат силен интерес за неговиот потпис.

Меѓутоа, Милан во него гледа како еден од столбовите на тимот во иднина и веќе започнал преговори за продолжување на договорот.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил тројно зголемување на платата и откупна клаузула од 200 милиони евра.

Малдини и Жорге Мендеш веќе започнале преговори и наскоро се очекува Леао да стави потпис на договор до 2026 година со годишна плата од  4 милиони евра по сезона.

Интерес за него покажуваат Манчестер Сити, Арсенал и Њукасл, но „росонерите“ се спремни да ја одбијат секоја понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…